четврток, 23 април 2026

Кипарскиот претседател: На ЕУ ѝ требаат правила за случај некоја нејзина членка да биде нападната

Претседателот на Кипар Никос Христодулидис изјави за Асошиејтед прес дека лидерите на Европската Унија, кои се собраа во неговата земја, треба да почнат да подготвуваат оперативен план во случај членка на ЕУ која е нападната да побара помош од други земји членки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во ексклузивниот разговор, кој се одржал вчера, а е објавен денес, Христодулидис кажа дека лидерите на ЕУ ќе разговараат за „давање суштина“ на членот 42.7 од Договорот на Унијата, кој ги обврзува сите 27 земји членки да си помагаат едни на други во време на криза.

Тој член налага, доколку една земја стане жртва на оружена агресија на нејзина територија, дека нејзините партнери треба да обезбедат „помош и поддршка со сите расположливи средства“. Досега не е применет, па затоа нема строги правила за тоа како земјите членки треба да одговорат на повикот за помош.

„Го имаме членот 42.7 и не знаеме што ќе се случи ако некоја земја членка го активира тој член“, изјави Христодулидис за АП пред самитот ЕУ-Блиски Исток кој ќе се одржи оваа недела во негова организација, за кој се очекува да се фокусира на војната против Иран и нејзините последици.

Според него, „затоа ќе имаме дебата и ќе подготвиме, да кажеме, оперативен план за тоа што ќе се случи во случај некоја земја членка да го активира тој член, а има голем број прашања“.

Прашањето е особено важно за Христодулидес, кој минатиот месец побара помош од земјите од ЕУ кога дрон од непознато потекло нападна британска воздухопловна база на јужниот брег на Кипар.

Кипарските власти сметаат дека дронот бил лансиран од Либан, чиј главен град е само 207 километри од јужниот брег на Кипар.

Грција, Франција, Шпанија, Холандија и Португалија испратија бродови опремени за соборување беспилотни летала за да помогнат во одбраната на островот.

Христодулидис кажа дека бидејќи многу земји од ЕУ се исто така членки на НАТО, прирачникот треба да разјасни како тие земји би одговориле на повикот за помош од нивните партнери од ЕУ без да биде во спротивност со нивните обврски кон воениот пакт.

Член 5 од безбедносната гаранција на НАТО наведува дека нападот врз еден сојузник се смета за напад врз сите нив – што бара колективен одговор.

„Па што ќе се случи во оваа ситуација ако (нападнатата) земја е членка на НАТО и на ЕУ во исто време? Што ќе се случи?“, прашува Христодулидис.

Друго прашање што треба да се реши според член 47.2 е дали одговорот би бил колективен во согласност со прописите на НАТО или би се применувал како за државите кои граничат со нападната земја. Исто така, се поставува прашањето кои средства треба да се користат за решавање на различни видови кризи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ