петок, 14 ноември 2025

Израел нападнат: Пресретната ракета од Јемен (ФОТО)

Израелската војска соопшти дека успеала да собори ракета лансирана од јеменските бунтовници Хути.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска денеска пресретна ракета истрелана од Јемен, од каде што бунтовниците Хути редовно извршуваат напади.

„Ракетата испукана од Јемен беше пресретната од израелските воздухопловни сили“, соопшти израелската војска на Телеграм.

Бунтовниците Хути поддржани од Иран редовно лансираат ракети или беспилотни летала кон Израел, повеќето од тие ракети се пресретнати.

Израел одговори на нападите минатиот месец со бомбардирање на позициите на Хутите во Сана и северната покраина ал-Џафа.

Во тој напад, според податоците на јеменските бунтовници Хути, кои контролираат големи делови од Јемен, загинаа 35 лица, а 131 беа ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ