четврток, 14 мај 2026

ИАЕА: Забележавме засилена активност на дронови над украинските нуклеарни централи

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) извести за значителен пораст на активности на беспилотни летала во близина на неколку украински нуклеарни централи оваа недела, при што повеќе од 160 такви летови биле регистрирани на 13 и 14 мај.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Беспилотни летала беа забележани во близина на нуклеарните централи Хмељницки, Ровно и Јужноукраинск, како и во областа Чернобил.

Тимови на Агенцијата на терен известиле дека нема директно влијание врз нуклеарната безбедност на објектите, но навеле дека таквата активност претставува „значаен ризик за нуклеарната безбедност и заштита“.

Генералниот директор на ИАЕА Рафаел Маријано Гроси изрази длабока загриженост поради воената активност во близина на нуклеарните објекти и повторно повика на воздржаност.

„Секое воено дејствување во близина на нуклеарните објекти значително го зголемува ризикот од нуклеарна несреќа“, порача Гроси.

„Уште еднаш апелирам до сите страни да покажат максимална воздржаност и целосно да се придржуваат до Седумте неопходни столбови за обезбедување нуклеарна сигурност и заштита за време на конфликт“.

ИАЕА објасни дека принципите се дизајнирани за заштита на нуклеарната сигурност и заштита за време на војната во Украина.

Агенцијата одделно извести дека нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина се потпира само на еден надворешен резервен далновод повеќе од седум недели. ИАЕА соопшти дека продолжува со преговорите со Украина и Русија за обезбедување привремен локален прекин на огнот, неопходен за поправка на клучната надворешна енергетска инфраструктура.

Главниот далновод на електраната беше исклучен на 24 март. Оттогаш, централата доживеа целосен прекин на надворешното напојување три пати, кога и резервниот вод беше исклучен.

Нуклеарната централа Запорожје е најголемата во Европа и една од десетте најголеми во светот. Таа е под руска воена окупација од 2022 година, заедно со големи делови од регионот Запорожје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ