понеделник, 27 април 2026

Трамповата закана за демократијата тешка 100 милиони долари

Објавено на

часот

Сподели

Минатонеделните нови откритија за неговите напори да изврши притисок врз американското министерство за правда поради изборите кои ги изгуби и насилните настани во Капитол на 6 јануари кои се појавија на првото сослушување на одборот на Претставничкиот дом ја појаснија историјата на обидите на Трамп „да го уништи американскиот политички систем“. Си-ен-ен ова го гледа како обид на поранешниот претседател да поттикне државен удар за да остане на функција.

Кога тоа не му успеа, следеа бројни тврдења за измама на гласачите, а потоа и влегувањето на толпата во Конгресот на 6 јануари. Трамповиот напад врз вредностите на кои почива уставот на САД не заврши кога тој ја напушти Белата куќа, пишува Си-ен-ен.

И иако неговото антидемократско сплеткарење би можело да отуѓи милиони Американци на општите избори, Трамп е веќе голем фаворит за претседателската номинација на републиканците за 2024 година.

„Воен ковчег“ исполнет со лаги

Кеш резервите на политичката организација на Трамп изнесуваат околу 102 милиони долари, а Си-ен-ен ги нарекува негов „воен ковчег“. Неговите придонеси од 3,2 милиони во два политички акциони одбори значат дека Трамп може да биде доминантен владетел на изборите на средината на мандатот и дека има повеќе од доволно пари за финансирање на сопствените собири.

Количеството пари со кое располага Трамп е коментар на политичката состојба во Америка и на неговиот карактер. Тоа се средства собрани врз основа на лага која милиони Американци сакаат да биде вистина, а која всушност ја менува политиката.

Министерството за правда го откри синџирот на прекршоци

Откривањето на документите во петокот кои покажуваат како Трамп се обидел да го присили министерството за правда во обид да ги „украде изборите“, е само последниот доказ за неговите обиди да изврши притисок. Си-ен-ен оценува дека ова е едно од најшокантните откритија досега за неговото антидемократско однесување.

Трамп на 27 декември 2020 година вршел притисок на вршителот на должноста јавен обвините Џефри Розен и вршителот на должноста заменик јавен обвинител Ричард Донахју лажно да ги прогласат изборите за „незаконски и корумпирани“ дури и откако тие не откриле докази за распространета измама на гласачи.

„Само кажете дека изборите биле корумпирани, останатото препуштете ми го мене и на конгресмените“, кажал наводно Трамп, според белешките на Донахју доставени до Одборот за надзор на Претставничкиот дом.

Дури и ако не остане во политиката, добро финансираните тврдења на Трамп за наводна измама на гласачите ќе продолжат да координираат со политичкиот систем и ќе продолжат да ѝ штетат на демократијата на повеќе начини.

Нова претседателска кампања на Трамп – заснована на тврдења дека претходните избори се извалкани со измама – би заразила уште едни избори со недоверба и дополнително би ја ослабела вербата во системот на демократската власт во земјата. Неговото „протерување“ од социјалните мрежи не ги сопре неговите неуморни напори да ја пренесе својата порака, заклучува американската мрежа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ