Состанокот го свикала директорката на националната разузнавачка служба Аврил Д. Хаинес. Целта на состанокот била проценка на истрагата и напорите за лекување на жртвите на таканаречениот Хавана синдром. Оваа болест опфаќа необјасниви главоболки, вртоглавици и губење на памтењето за кои известиле бројни функционери на Стејт департментот, вработени на ЦИА и нивните семејства.
Додека американскиот претседател Џо Бајден речиси ништо јавно не зборува за тоа, Советот за национална безбедност почна итни напори за да се реши тоа прашање, а сега на тоа работат две посебни групи. Едната која ја истражува причината и која ја води ЦИА, и другата фокусирана на наоѓање комерцијална технологија која би можела да ги открие или блокира нападите.
[video:https://youtu.be/xONprVqicX4 autoplay:0]Темата на состанокот на Здружениот совет на разузнавачката заедница во петокот, како што потврди во неделата Тимоти Барет, помошник директорот на националната разузнавачка служба за стратегиски комуникации, пренесува њујоршкиот весник.
„Ова е главниот приоритет на разузнавачката заедница“, кажа тој. „Ги поддржуваме напорите да се добијат одговори, да се грижиме за луѓето и да се спречат идни инциденти“.
Седницата од висок ранг е показател колку нападите, кои датираат од 2016 година, од медицинска мистерија прераснаа во итно прашање на националната безбедност. Функционери на Бајденовата администрација велат дека се шокирани колку е неорганизиран одговорот на владата во последните четири години, делумно поради тоа што немало централен начин одделите да разменуваат извештаи за инцидентите.
Студија на Националната академија на науки спроведена во декември 2020 година заклучи дека веројатна причина биле микробранови напади, но функционери на американската влада велат дека таа група нема пристап до тајните податоци.
[video:https://youtu.be/-ypQlg8Hxm0 autoplay:0]Набрзо по преземањето на должноста, советникот за национална безбедност во владата на Бајден, Џејк Саливен, именуваше виш директор на Советот за безбедност за разузнавачки работи за да организира меѓувладин одговор, а надворешни експерти со безбедносни дозволи се повикани за да започнат нови истражувања.
На состанокот во петокот експертските групи известиле дека останува водечка теоријата дека се микробранови зраци, насочени кон владините згради или резиденции, како дел од шпионажа или како намерен обид за оневозможување на американските службеници, невидливо оружје на кое е тешко да му се влезе во трага.
Владата, меѓутоа, чувствува притисок да покаже дека активно го бара изворот на она што сè уште се нарекува „абнормални здравствени инциденти“, откако неколку луѓе, почнувајќи од администрацијата на Трамп, се жалеа дека нивните сведоштва се отфрлени и дека медицинската помош била спора.
Стејт департментот е особено жариште на незадоволство, особено во последните месеци, бидејќи Виена стана најновиот центар каде што се пријавени овие симптоми. Некои функционери се колебале да заземат позиции на местата каде што се пријавени инциденти или да ги доведат своите семејства, бидејќи некои од сомнителните напади биле насочени на резиденциите.
[video:https://youtu.be/ADZW_n6hm4Y autoplay:0]Во четвртокот американскиот државен секретар Ентони Блинкен во писмо до вработените во Стејт департментот порача дека „од многумина слушнал за растечката загриженост поради необјаснетите здравствени инциденти кои им се случиле на вработени во американската влада и нивните семејства“.
Тој истакна дека ова е „главен приоритет за него, Стејт департментот и функционерите на американската влада“, пренесува Њујорк тајмс.
Некои функционери сметаат дека покрај Русија, за некои напади можеби е одговорен Иран, но фокусот е и на Куба, Кина и други земји.
Мистеријата ја зголеми и фактот што некои напади се случиле на руско и кинеско тло, вклучувајќи и против ЦИА во Москва пред четири години и против функционер на Стејт департментот во Кина во 2018 година.






