среда, 16 јули 2025
Само неколку минути по страшната несреќа

Возач на камион го снимил Ламборгинито на Диого Жота во пламен (ВИДЕО)

Возач на камион го снимил Ламборгинито на Диого Жота само неколку минути по несреќата, автомобилот целосно е зафатен од оган.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, Диого Жота и неговиот брат Андре загинаа во трагична сообраќајна несреќа што се случила во раните утрински часови, пријавата во полицијата стигнала околу 00:35 часот.

Возач на камион, кој патувал по истиот пат, го снимил моментов веднаш по сударот, околу 00:38 часот, автомобилот целосно е зафатен од оган.

Првичните претпоставки се дека возилото излетало од патот поради пукање гума при престигнување.

Веста за смртта на Диого Жота и неговиот брат предизвика огромен шок во светот на фудбалот.

Ливерпул објави кратко соопштение во кое изрази длабоко жалење поради загубата на својот фудбалер, додека бројни клубови, соиграчи и навивачи ширум светот изразија тага и сочувство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ