Страшната сообраќајна несреќа во која рано утрово беше инволвиран Диого Жота и неговиот брат Андре е топ тема во светот на фудбалот.
Фудбалерот на Ливерпул со своето Ламборгини излетал од патот, се претпоставува поради пукање гума при престигнување, про што автомобилот веднаш бил зафатен од пламен.
Медиумите од Португалија сега откриваат нови детали за трагичниот настан што се случи во областа Замора во Шпанија.
Диого Жота неодамна имал операција на белите дробови па докторите му забраниле да лета со авион.
Тој во понеделник (7. јули) требал да се пријави во Ливерпул за стартот на подготовките за новата сезона, па тргнал на пат кон Сантандер, каде требал да фати траект до Портсмут, од каде ќе продолжел до Мерсисајд за да му се стави на располагање на Арне Слот.
ФОТО: X/Liverpool FC