недела, 20 јули 2025
Сите се држеа за глава

Страшна повреда на Мусиала, Донарума почна да плаче кога виде што се случува (ВИДЕО)

Џамал Мусиала заработи страшна повреда по еден дуел со Џиџо Донарума, голманот на ПСЖ почна да плаче кога виде што се случува со фудбалерот на Баерн Минхен.

Објавено на

часот

Сподели

Пресметката помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен во четвртфиналето на Светското клупско првенство донесе страшни сцени.

Во финишот на првиот дел, Џамал Мусиала се обиде да стигне до една топка, но се најде во сендвич помеѓу дефанзивецот Пачо и голманот Донарума, кој се фрли и ја зграпчи топката.

Германецот остана да лежи на тревата во болка, а кога Џиџо Донарума виде што се случува, клекна и почна да плаче. Голманот со солзи во очите потоа го напушти теренот, откако судијата означи крај а лекарските екипи му укажуваа помош на Џамал Мусиала.

Останува да се види колку е сериозна повредата, првите претпоставки се дека фудбалерот на „баварците“ има скршеница на ногата и зглобот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ