Селекторот Милевски имаше суспензија за овој меч, па Стојановски ја презема неговата улога.
Македонија одигра офанзивно во првото полувреме и дефанзивно во вториот дел. Противникот имаше три стативи, но успеавме да се одбраниме и да ја оствариме целта.
„Одигравме две различни полувремиња. Ние како стручен штаб знаевме за состојбата на играчите по оној интензивен меч со Белгија. Вториот дел беше договорено да играме малку позатворено во втората зона, со цел да ја зачуваме енергијата до крај. Во ситуација кога немавме друга опција, моравме да го направиме тоа. Не секогаш кога играме добро, можеме да победиме. Така беше сега, се случуваат такви работи. Точно е дека во вториот дел Казастан одигра добро, но го задрживме мечот под контрола. Точно знаевме кои се квалитетите на ривалот и нив ги неутрализиравме “, изјави Стојановски.