недела, 15 јуни 2025
Во шест сезони одигра едвај два натпревари

Сити се раздели со голманот кој ни крив ни должен си заработи 9 милиони и освои 11 титули

Манчестер Сити попладнево соопшти дека Скот Карсон го напушта клубот, голманот во шест сезони имаше само два настапи, но затоа освои 11 титули и заработи околу 9 милиони фунти.

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните“ во 2019 направија изненадувачки трансфер и го ангажираа Скот Карсон на позајмица.

Им беше потребен трет голман, по можност да биде израснат во домашниот фудбалски систем и со своето искуство да им помогне на голманите кои се прв и втор избор.

Англичанецот ги исполни сите критериуми, па по две години поминати на позајмица, тој направи перманентен трансфер во Манчестер Сити и се задржа на „Етихад“ уште четири години.

Денеска пристигна информација дека 39 годишниот Скот Карсон го напушта клубот по шест години, но тој сигурно нема многу да жали.

Во шест сезони поминати во Манчестер Сити, голманот заработи околу 9 милиони фунти, освои дури 11 трофеи, а одигра едвај два натпревари.

„Сите во Манчестер Сити сакаат ад му се заблагодарат на Скот за напорната работа и посветеноста, и да му посакаат многу среќа во иднина“ – гласеше дел од известувањето.

ФОТО: X/Manchester City

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ