Шкотскиот шампион бара напаѓач, а Миовски е сериозно има како опција. Селтик се поврзуваше со него и додека Македонецот беше во Абердин, но тогаш не се одлучија да го купат.
Миовски за Жирона даде само четири голови и имаше две асистенции во текот на целата сезона, па тешко дека би останал во овој клуб. Се верува дека ќе биде пратен на позајмица или ќе биде продаден.
Во последните мечеви од Ла Лига, Миовски воопшто и не играше, не е задоволен ниту тој од статусот, па ќе се бара решение.
И покрај неуспешната сезона во Шпанија, Миовски имаше импресивна статистика во Абердин – 44 голови и 7 асистенции на 98 натпревари – што повторно го прави интересна опција за Селтик. Дополнително, неговата цена би можела да биде значително пониска од онаа што се бараше минатото лето, а која се движеше околу седум милиони евра.