Роналдо не пристигнал на погребот бидејќи сметал дека со своето присуство може да го одвлече вниманието од церемонијата.
Кристијано кој е капитен на репрезентацијата на Португалија, го контактирал семејството на Жота, изразил сочувство и се понудил целосно да ја преземе грижата за образованието на трите деца на неговиот соиграч кој останаа без татко.
Жота остави две ќерки од четири и две години, како и син кој имаше само седум месеци. Роналдо на сопругата Руте Кардозо ѝ рекол дека ќе биде на располагање за се што ќе им биде потребно во иднина.
Жота и неговиот брат Андре загинаа во сообраќајна несреќа во Португалија кога нивниот автомобил излетал од патот.
Фото: EPA PHOTO