Роналдо не само што го освои трофејот од Лигата на нации, тој даде гол во финалето против Шпанија, а погоди и во полуфиналниот меч против Германија.
„Почувствував повреда при загревањето, имам проблем веќе некое време. Но за Португалија, ако треба да ја скршам ногата, ќе го направам тоа“, вели Роналдо.
„Беше меч за титула, мораше да играм и да дадам се од себе“.
„Знаете колку сум стар, јасно е дека сум блиску до крајот, но треба да уживам во секој момент“.
„Ако немам сериозна повреда, продолжувам да играм“.
Фото: ПФФ