Шпанскиот гигант поведе уште во 10. минута кога по асистенција на Арда Ѓулер, Гонзало Гарсија даде гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.
Тоа беше четврти гол за младиот фудбалер на Светското клупско првенство, има и една асистенција.
Десет минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Фран Гарсија која погоди по асистенција на Трент Александер-Арнолд. Со водство од 2-0 за Реал се отиде на одморот.
Овој резултат беше актуелен долго во второто полувреме и се чинеше дека така и ќе заврши мечот. Но во судиското продолжение се случи вистинско лудило.
Најпрво Бејер во 93. минута постигна гол за Борусија и намали на 2-1, а во наредната минута Мбапе постигна убав гол за предност на Реал Мадрид од 3-1.
Но, тоа не беше се, во 97. минута Хујсен направи фаул за пенал и доби црвен картон, Гираси го реализираше ударот од белата точка за конечни 3-2.
Пех за Реал Мадрид ќе биде неиграњето на Хујсен кој досега беше стандарден во дефанзивата на Реал Мадрид.
Во полуфиналето ќе играат можеби двата најдобри клуба на натпреварувањето, Реал Мадрид и ПСЖ. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Флуминенсе и Челси.