понеделник, 14 јули 2025

Реал Мадрид го мина Јувентус за пласман во четвртфинале, Гонзало Гарсија е херојот (ВИДЕО)

Реал Мадрид со гол на Гонзало Гарсија во второто полувреме го победи Јувентус со минимални 1-0 и го продолжува патот на Светското клупско првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид беше подобар противник во натпреварот, особено во второто полувреме во кое имаше апсолутна контрола на случувањата на теренот.

Клучниот момент се случи во 54. минута кога по асистенција од Александер-Арнолд, Гонзало Гарсија погоди со глава за водство на Реал Мадрид од 1-0 што се покажа и како конечен резултат.

Гонзало Гарсија е вистинско откритие на Реал Мадрид на Светското клупско првенство, тој досега даде три гола и имаше една асистенција.

Реал Мадрид во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Монтереј.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ