недела, 3 мај 2026

Вујовиќ: Здравствената состојба во тимот е катастрофална, но ова е меч кој мора да го добиеме

Објавено на

часот

Сподели

Вардар во четврток со почеток од 20:45 часот го пречекува ПИК Сегед во нов натпревар од Лигата на шампионите.
 
Тренерот Веселин Вујовиќ вели дека тимот се соочува со проблеми, но Вардар не смее да си дозволи пет порази по ред.
 
„Нашата ситуација во моментов е катастрофална, зборувам за здравствениот билтен. Дибиров има вироза, прима инфузии, не знаеме кога ќе се опорави. Мишевски и Куни имаа еден судир и двајцата се во аут. Тото, кој се наметна како играч на кој може да се потпре екипата исто така е повреден, а Кудуз и Столе се неизвесни“, вели Вујовиќ.
 
„Ова е натпревар кој мора да го добиеме. За моите критериуми, за критериумите на јавноста , недозволиво е да имаме пет порази по ред. Ќе мора да одиграме цврсто, натпревар со малку голови повеќе ни одговара. Се надевам дека ние од поразот ќе научиме повеќе отколку тие од победата“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ