Вардар се бори за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, а Загреб е директен ривал за таа цел. Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ е оптимист дека може да се почне со победничка серија.
„Нѐ очекува Загреб, една млада екипа која е комбинирана со искусни играчи, во прв ред Гојун, Муса, Чупиќ. И со млади играчи кои навистина многу напредуваат, Црнак, Радица, Вистороп. Ќе биде многу тежок дуел. И двата тима доаѓаме од некои позитивни ситуации, тие одиграа многу добро во Монпелје, ние одигравме во Кил. Но ова е натпревар кој и тие, и ние мораме да го победиме, бидејќи преку овој меч и тие и ние ја гледаат шансата за пласман во следната рунда. Мислам дека Вардар се крена, Вардар игра добро и дека дојдовме да играме со противниците кои реално се наш квалитет како Загреб, Мешков, Елверум и дека во продолжението од сезоната ќе извлечеме добар резултат и ќе го ја оствариме целта, а тоа е пласман во следната рунда“, изјави Веселин Вујовиќ.
Мечот меѓу ППД Загреб и Вардар се игра во среда со почеток од 20:45.






