Вардар по три кола не знае за пораз во Лигата на шампионите, има две победи и едно реми. Во среда од 20:45 часот црвено-црните го пречекуваат Монпеље во „Јане Сандански“.
„Монпеље е домашна екипа. Со Кил одиграа фантастичен меч и потоа одат кај некој си Сесон, просечен француски тим и губат. Мислам дека се млада екипа и дека уште психологијата им влијае, па потешко им оди без домашната поддршка. Затоа и не апелирам, ами ги молам да дојдат сите што го сакаат Вардар, не само Комити. Па ние овде со публика ги победивме и Алборг, и Мешков, и Пелистер. На Валчак солзи му доаѓаа зашто цела година не играл пред ваква публика. Ако дојдат навивачите ќе играме 8 на 6, а не 7 на 6!“, вели Вујовиќ.
Едно од засилувањата кој одлично се вклопува во тимот е Французинот, Жереми Тоту кој имаше блескава партија со Алборг.
„Мораме од почеток на мечот да сме максимално фокусирани во сите 60 минути, а и да одиграме силна одбрана. Не може да го гледаме поразот од Сесон во француското првенство, зашто Монпелје во ЛШ го победи Кил. Ни треба да одиграме силно во дефанзива, зашто имаат брз тим и брзи крила. Две недели се подготвуваме за овој меч и ќе го дадеме најдоброто од себе“, вели Тоту.






