Вардар се уште е далеку од формата во која треба да биде, но ја оствари целта, го победи Загреб со четири голови предност.
Првото полувреме беше изедначено, Вардар успеваше повремено да се одлепи на два разлика, но Загреб се враќаше. На одморот се замина со 14:12 за македонскиот тим.
Во вториот дел Вардар цело време имаше предност, но во финишот Загреб дојде на -1, 21:20, тогаш тимот на Вујовиќ направи серија од 3-0 и го заврши мечот со победа од 24:20.
Најдобар кај Вардар беше Анте Кудуз со седум голови, толку постигна и Дибиров, Георгиевски реализираше трипати. Томовски имаше седум интервенции. Кај Загреб најдобар беше Иван Чупиќ со осум голови.
Реваншот се игра на 31 август во Загреб.






