Вардар поведе со 1-0, но потоа се загуби, Пик Сегед направи неверојатна серија од 8-0 и поведе со 8-1. Таа предност од седум разлика ја одржа до крајот на првиот дел кој го доби со 16-9.
Вардар заигра многу подобро во второто полувреме, нападот функционираше како што треба, но негативата од првиот дел беше преголема за да се надополни против така силен противник. Црвено-црните го добија вториот дел со 18-14, но тоа беше доволно само за да се ублажи поразот. Конечниот резултат беше 30-27 за унгарскиот тим.
Дибиров и Гаџа постигнаа по пет гола, Талески реализираше четири пати, три гола постигна Оливие Њокас. Во составот на Сегед најдобар беше Шоштариќ со седум голови, Бомбач и Бодо постигнаа по пет. Миклер имаше девет одбрани, Томовски пет.
По осум одиграни натпревари Вардар е на шестата позиција со 5 бода, еден повеќе од Загреб.
Во следното коло на 2. декември Вардар му гостува на Кил.






