петок, 1 мај 2026

Стоилов: Томовски во првото полувреме направи лажна визија дека играме добро

Објавено на

часот

Сподели

Томовски имаше блескаво прво полувреме со 12 одбрани, во првите 30 минути Кил даде само 10 голови. Вардар постигна 13, па изгледаше како да пружа добра партија против германскиот тим.
 
Но тоа беше привидно, кога ја снема одбраната на Вардар во вториот дел, Германците дојдоа до лесна победа.
 
„За Кил ова е важна победа, особено што играа без тројца важни играчи. Почнавме многу добро, имавме водство, но бевме премногу зависни од голманот, кој фати топки и направи лажна визија за првиот дел. Главната сила на Кил е што тие се заедно повеќе време, кај нас тоа не е така. Имаме нови играчи, нов тренер. Мораме да бидеме многу подобри, но не можеме веднаш, зашто играчите не се познаваат доволно. Ама, тоа не е алиби за поразот. Мораме и можеме да победиме на следните натпревари и да си ја вратиме самодовербата.“, изјави Стоилов.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ