Франција ги обедини ракометните злата на Олимписките игри во Токио, синоќа мажите, а денеска жените го освоија турнирот.
Русија беше благ фаворит во денешното финале, но Французинките одиграа перфектен натпревар, водеа во текот на речиси целиот натпревар и на крајот стигнаа до победа од 30-25.
Поранешната вардарка, Алисон Пино, заедно со Фопа беа најефикасни со по седум голови, кај Русинките седум постигна Ведекна.
Бронзата ја освои Норвешка која во битката за третото место ја торпедираше Шведска со 36-19.






