Пред крајот на својата богата ракометна кариера, капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров издаде автобиографија насловена по неговото животно мото, „Секогаш на победа“.
Автобиографијата е напишана во соработка сос српскиот ракометен новнар, Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Балкан-Хандбал“.
Лазаров на промоцијата истакна дека во автобиографијата има многу возбудливи детали и стои зад напишаното.
„Сите Македонци знаат многу работи за мене, но во книгата ќе може да прочитате многу работи кои не сте ги знаеле“, порача Лазаров.
Лазаров преку Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона до Нант стигна до ракометните височини.
На промоцијата присуствуваа ракометни авторитети како Пепи Манасков, Стевче Стефановски, Иван Марковски, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, Каролина Гочева, Симон Трпчевски и многу, многу други…







