Денеска од 18 часот требаше да се игра вториот меч меѓу Македонија и Израел, но дуелот е откажан.
Во израелската репрезентација позитивни на ковид-19 се тројца ракометари. Тоа е причината за откажувањето на средбата.
Нашите ракометари утринава беа тестирани, сите добија негативни тестови.
Синоќа Македонија го победи Израел со 31-28.
Македонските репрезентативци уште двапати треба да се тестираат пред да заминат на Европското првенство, па ризикот во овој период мора да биде сведен на минимум.






