петок, 22 мај 2026

Одлично второ полувреме на македонските ракометари за убедлива победа над Кувајт

Објавено на

часот

Сподели

Македонските ракометари го одиграа првиот од четирите планирани пријателски натпревари во подготовките за Европското првенство. Денеска беше совладан составот на Кувајт со 31-21.
 
Очекувано, селекторот Лазаров не беше и играч на овој натпревар, а во составот ги немаше и Митревски, Велковски и Кузмановски.
 
Во првото полувреме беше рамноправно, на одморот се замина со водство од само еден гол за Македонија 14-13.
 
Но, во вториот дел Македонија почна фуриозно, со серија од 8-0. Кувајт првиот гол во второто полувреме го постигна дури во 43. минута. На крајот македонската репрезентација славеше со 31-21.
 
Најефикасен беше Серафимов кој постигна седум голови, Талески постигна пет, по четири пати погодија Ојлески и Маџовски. Томовски имаше шест одбрани, Кизиќ пет.
 
Во среда овие две селекции го играат вториот пријателски натпревар, исто така во Маврово.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ