Еурофарм Пелистер добива нова спонорска инекција, откако денеска ја официјализираа соработката со Моцарт.
„Голема благодарност до компанијата Mozzart на желбата да вложуваат во домашниот спорт, а особена благодарност за поддршката која ќе ја добие РК Еурофарм Пелистер во наредниот период. Од огромно значење е секоја пристигната помош, а компанија Mozzart препозна дека клубот има големи амбиции, јасна визија и зацртани цели кон врвот. Горди сме што нашите играчи ќе го носат логото на Моцарт на своите дресови“, вели генералниот директор на Еурофарм Пелистер.
Маркетинг менаџерот на Моцарт, Ивана Оловска вели дека им ме чест што ќе бидат партнери на битолскиот тим.
„Компанија Mozzart на регионално ниво е позната по инвестирањето во спортот на сите нивоа, од нисколигашки ранг, па сè до оној највисокиот. Горди сме што склучивме соработка со еден од најпознатите спортски колективи во државата. РК Еурофарм Пелистер е клуб со долга традиција и сакаме да им понудиме поддршка на патот кон успехот, особено оваа сезона кога клубот повторно е дел од регионалната СЕХА Лига и Европската лига на ЕХФ. Веруваме дека со ова партнерство ќе помогнеме во остварување на амбициите на клубот во наредниот период“, вели Оловска.






