сабота, 2 мај 2026

Големо изненадување во Битола, Вардар изгуби од вториот тим на Еурофарм Пелистер

Објавено на

часот

Сподели

Вардар во натпреварот влезе како апсолутен фаворит, но се врати со наведната глава, Еурофарм Пелистер 2 водеше во текот на целиот меч и на крајот заслужено дојде до сензационалниот триумф.
 
Вардар на овој меч настапи без Дибиров, Кевин Њокас, Кудуз… но имаше доволно силен состав за овој натпревар.
 
Црвено-црните го постигнаа првиот гол на мечот, но потоа следуваше серија на битолскиот тим за 3-1, водеа и со 6-2. На одморот се замина со водство на Еурофарм Пелистер 2 од 14-11.
 
Се чинеше дека Вардар во вториот дел ќе се врати, но не беше така, битолчани продолжија во истото темпо. При крајот на мечот шампионот дојде до израмнување 24-24, но Еурофарм Пелистер 2 не дозволи пресврт. 
 
Битолчани поведоа со 27-25, не остана многу време за Вардар кој со гол во последните секунди успеа само да намали на 27-26, што беше конечниот резултат на овој меч. Еурофарм Пелистер 2 заслужно ја славеше најголемата победа во клупската историја.
 
Павле Атанасијевиќ со шест гола беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2, Кузмановски и Петровиќ постигнаа по 4, во составот на Вардар Георгиевски и Тото постигнаа по 6 гола, Моралес 4.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ