недела, 3 мај 2026

Еурофарм Пелистер во последната минута пропушти да го победи Спортинг во Лисабон

Објавено на

часот

Сподели

Битолскиот тим доминираше речиси во текот на целиот меч и чудо е како не успеа да стигне до целиот плен.
 
Спортинг единственото водство на натпреварот го имаше на почетокот од мечот, 1-0, а потоа се беше во знакот на Пелистер. На одморот се замина со водство на македонскиот тим од 16-14.
 
Во второто полувреме Еурофарм Пелистер на двапати водеше и со четири гола разлика, но финишот беше лош. Во последната минута битолчани имаа напад при водство од еден разлика со играч помалку, и тргнаа без голман. Тоа се покажа како грешка, Спортинг ја одзема топката и погоди на празниот гол за израмнување 27-27. Останаа уште десетина секунди за напад, но Пелистер не ги искористи.
 
Табоада со седум гола беше најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер, Мандалиниќ постигна пет, Божи-Павлетиќ имаше четири од четири. Секељ мечот го заврши со осум интервенции.
 
По пет одиграни натпревари Еурофарм Пелистер е на третото место со шест освоени бодови, Ним и Спортинг се пред нив со бод повеќе.
 
На 7. декември Спортинг гостува во Битола.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ