По примерот на фудбалскиот клуб Бетис, и раководството на Пелистер реши да направи предновогодишна хуманитарна акција и да собере играчки за децата од ранливите категории во Битола.
На полувремето присутните навивачи фрлаа разни плишани мечиња кои во наредните денови клубот треба да ги подари на дечињата за кои се наменети.






