вторник, 28 април 2026

Црна Гора е пресилна за македонските ракометарки

Објавено на

часот

Сподели

Македонија предводена од селекторот Љубомир Савевски играше меч со осцилац. Имавме добри периоди во кои се носевме со Црногорките но на крајот тие извојуваа голема победа.
 
Почетокот на мечот беше тврд, особено тежок за македонската репрезентација, првиот гол го дадовме дури во 11. минута, дотогаш Црна Гора имаше три погодоци. Првото полувреме заврши со 13-9 за гостинската селекција.
 
Во вториот дел Македонија повторно одигра неколку добри минути и дојде на само минус еден (17-18) во 40-тата, но потоа следеше налет на Црногорките со четири гола едноподруго. Савевски менуваше и комбинираше во составот, но дури и некои зицери до крајот не беа доволно добра ситуација за гол на Македонија, па разликата остана висока.
 
Јована Мицевска имаше 10 интервенции додека беше на голот, Сара Ристовска постигна шест гола, Леонида Гичевска додаде пет. Црна Гора не беше во својот најсилен состав, а прв стрелец на мечот беше некогашната „вардарка“ Итана Грбиќ со 10 погодоци. Возвратниот меч е в недела, во Никшиќ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ