недела, 20 јули 2025

ПСЖ го елиминираше Баерн, Дембеле прослави во чест на трагично починатиот Жота (ВИДЕО)

ПСЖ се пласираше во полуфинале на Светското клупско првенство откако вечерва со 2-0 го совлада Баерн Минхен во Атланта, Осман Дембеле го потврди триумфот на „светците“ и прослави во чест на трагично починатиот Диого Жота.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Луис Енрике продолжуваат со добрите партии и резултати, денеска го совладаа Баерн Минхен за полуфинале на Светското клупско првенство.

Резултатот беше отворен во 78. минута, кога Дуе прецизно биеше по земја од врвот на шеснаесетникот за 1-0.

ПСЖ потоа остана со двајца играчи помалку, Пачо доби црвен картон за опасен старт врз Горецка, додека пак Лукас Ернандез поцрвене откако со лакт го удри во глава Гереиро.

Но и покрај тоа што имаше бројчана предност, Баерн Минхен не успеа посериозно да се закани, а точка на натпреварот стави Осман Дембеле со гол во 96. минута.

Французинот погодокот го прослави во чест на трагично починатиот Диого Жота, седна на тревата и почна да игра Плејстешјн, како што тоа го правеше Португалецот.

ФОТО: X/Paris Saint-Germain

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ