среда, 25 јуни 2025

Португалија ја победи Германија и ќе игра финале во Лигата на нации

Португалија со пресврт славеше со 2-1 над Германија во полуфиналето од Лигата на нации, Кристијано Роналдо го постигна победничкиот гол за Португалците.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот се играше на Алијанц Арената, но на Германија не и помогна поддршката од публиката, на крај можеа да доживеат и поубедлив пораз.

Шанси имаше и во првото полувреме, но немаше голови, сите три беа постигнати во вториот дел.

По само три минути игра после одморот, Вирц реализираше за водство на Германија од 1-0.

Предноста на Германците траеше до 63. минута кога Консеисао даде прекрасен гол за израмнување на 1-1.

Пет минути подоцна Мендеш го проигра Роналдо кој реализираше за комплетен пресврт и победа на Португалија од 2-1.

Португалија во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Шпанија и Франција, меч кој се игра утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ