недела, 20 јули 2025

Полски репрезентативец се бори за живот, загина неговата сестра

Не престануваат црните вести од фудбалскиот свет, овојпат се работи за млад фудбалер од Полска, Ксавери Јежевски кој е репрезентативец на оваа земја до 17 години, тој се наоѓа во критична состојба по тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби неговата сестра.

Објавено на

часот

Сподели

Трагедијата се случила во местото Голице, во близина на градот Плоцк, откако автомобилот со кој се движеле излетал од коловозот и удрил во дрво. Иако, според првичните информации, возилото не се движело со голема брзина, причините за несреќата сè уште се испитуваат. Засега нема потврда кој го управувал возилото во моментот на несреќата.

Јежевски, член на младинската академија на Легија Варшава, со сериозни повреди е пренесен во болница, каде лекарите се борат за неговиот живот. Фудбалскиот клуб Легија ја потврди трагичната вест и упати зборови на поддршка и сочувство.

„Ксавери е хоспитализиран во тешка состојба по трагична сообраќајна несреќа во која загина неговата сестра. Целата академија – управата, тимот, соиграчите и тренерите – изразува длабоко сочувство до неговите родители. Ќе му пружиме целосна поддршка нему и на неговото семејство“, се наведува во соопштението на клубот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ