Потврдено е дека трките повторно ќе се возат на патеката „Истанбул парк“, а партнер на Формула 1 во организацијата ќе биде Автомото сојузот на Турција.
Последните трки во Турција се возеа во 2020 и 2021 година, а љубителите на најбрзите четири тркала се сеќаваат дека Луис Хамилтон во 2020 токму во Истанбул дојде до својата седма светска титула и го изедначи рекордот на Михаел Шумахер. На последната трка во 2021 година победата ја однесе Валтери Ботас.
Уште од првата трка, одржана на оваа патека во 2005 година, „Истанбул парк“ беше прогласена за една од технички најтешки патеки во календарот.






