На прес-конференција по натпреварот Пикси ја потврди одлуката да замине од селекторското столче.
„Имав разговор со претседателот и генералниот секретар. Понудив оставка. Овој пораз не го очекував, и тоа од тим кој ни е главен ривал за второто место. Ја преземам одговорноста и јас сум единствениот виновник. Жал ми е што загубивме. Така е во спортот, во животот. Ќе има време за разговор. Како одговорно лице, понудив оставка на двајцата челници во Сојузот. Што се однесува до времето, специфично е. Нерационално е да патувам со тимот. Тоа им го кажав. Ме сослушаа и им реков дека нема да одам во Андора. Натпреварот ќе го води Горан Ѓоровиќ“ изјави Стојквиќ.
Со вчерашниот пораз од Албанија, Србија ги загуби реалните шанси за пласман на Светско првенство, остана уште само теорија, но тоа е речиси невозможно сценарио.






