сабота, 18 април 2026

Пелистер ја победи Македонија ЃП и освои три многу важни бода

Пелистер со два гола во второто полувреме ја победи Македонија Ѓорче Петров со 2-0 во Битола и освои три големи бода во борбата за опстанок во Првата лига.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистерци тргнаа офанзивно уште од првата минута на натпреварот, но гостите од Ѓорче Петров одлично се бранеа и се обидуваа преку контри да го загрозат голот на битолчани.

Во првиот дел беа создадени неколку шанси, но мрежите не беа затресени, клучните моменти се случија во вториот дел.

По четири минути игра Мирко Ивановски постигна гол за водство на Пелистер од 1-0.

Течеше 72. минута кога Милан Србијанац постигна прекрасен погодок од далечина за конечни 2-0.

По 28 одиграни кола Македонија ЃП остана на претпоследната позиција, но сега има четири бода помалку од Пелистер кој е на место кое носи бараж.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ