сабота, 18 април 2026

Ескалираше протест во Албанија: Молотови коктели на зградата на владата, се бара оставка на Рама (ФОТО+ВИДЕО)

Протест на албанската опозиција против владата на премиерот Еди Рама синоќа ескалираше во насилство пред седиштето на владата во Тирана. Демонстрантите фрлаа Молотови коктели, а полицијата одговори со водни топови, на што неколкумина беа повредени и приведени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Протестот, на кој се бараше оставка од премиерот Еди Рама, беше организиран од Демократската партија на Албанија (ДП) со поддршка на други опозициски партии.

Демонстрантите фрлаа Молотови коктели и пиротехнички средства кон зградата на Кабинетот на премиерот на Албанија, на што полицијата одговори со водни топови. Според демонстрантите, биле употребени солзавец и спреј.

За време на протестот, неколку претставници и поддржувачи на ДП се повредени во судирите со полицијата, додека полицијата приведе неколку демонстранти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ