23-годишниот ракометар, кој беше дел од подготовките на сениорската репрезентација на Франција за ЕП 2026, пристигнува од Трембле каде сезонава постигна 157 гола на 24 натпревари.
Фадуил целата кариера ја мина во Франција, играјќи и за Нант, каде ја делеше соблекувалната со Кирил Лазаров, како и за Саран и Кретеј.
Иако имаше договор со Трембле до 2027 година, пресудна беше неговата желба да го облече дресот на најтрофејниот македонски клуб, кој за трансферот ќе плати отштета.






