вторник, 24 јуни 2025

Падна договор: Вирц за 150 милиони евра се сели во Ливерпул

Германскиот репрезентативец, Флоријан Вирц од наредната сезона ќе го носи црвениот дрес на Ливерпул откако двата клуба денеска конечно постигнаа договор.

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул на Леверкузен ќе му плати 150 милиони евра со вклучени бонуси.

Вирц уште пред две недели постигна договор за личните услови со Ливерпул.

Се очекува во наредните денови Германецот да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договорот со Ливерпул.

Интерес за Вирц имаше од речиси сите гиганти, но Ливерпул беше најконкретен и успеа да ја добие битката за неговиот потпис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ