Следната сезона од прволигашката конкуренција директно ќе испаднат најслабите три екипи, а осмиот и деветтиот од табелата ќе играат бараж за опстанок во лигата со второлигашите.
Поголеми промени има во ВМФЛ, каде што следната сезона дури половина лига ќе испадне или ќе игра бараж. Петте најлошо рангирани екипи испаѓаат од ВМФЛ, а деветтиот, десеттиот и единаесеттиот ќе играат бараж со третолигашите.
Од сезоната 2026/27 ќе има дополнителни промени во ВМФЛ, па така се формира плеј-оф во кој екипите од второто до петтото место ќе одиграат еден бараж пред да вкрстат со двата прволигаши кои ќе бидат осми и деветти.
Исто така, од ВМФЛ ќе директно ќе испаѓаат по три екипи од најавената сезона. Трите испразнети места ќе ги пополнат третолигашите, а таму ќе се формира уште еден шести регион.