петок, 18 јули 2025
Морал и да го натера својот колега од ПСЖ да разговара и да посака брзо опоравување

Нојер го нападна Донарума по тешката повреда на Мусиала: Немаше потреба да влезеш така, преголем ризик

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер го нападна својот колега од ПСЖ, Џиџо Донарума по тешката повреда на Џамал Мусиала, смета дека Италијанецот преземал преголем ризик со својот старт.

Објавено на

часот

Сподели

Џамал Мусиала го чека долга пауза откако заработи тешка повреда на синоќешниот натпревар помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен на Светското клупско првенство.

Во финишот на првиот дел, офанзивниот фудбалер на „баварците“ се обиде да стигне до една топка, но Џиџо Донарума некомпромисно се фрли по топката и како што се лизгаше по тревата, ја приклешти левата нога на Џамал Мусиала.

Ваквиот потег не му се допадна на Мануел Нојер, окј го нападна својот колега од ПСЖ.

„Ова е навистина тежок момент. Нормално, во ваква ситуација, прифаќате дека постои ризик. Но како голман, сметам дека немаше потреба да влезе така, се презема преголем ризик“ – вели Германецот.

„Ризикува да повреди некого, дури и својот соиграч па и самиот себе, иако во најголемиот дел од ситуациите ништо не се случува. Се надевам дека повредата нема да биде сериозна, но од она што го видов, сигурно ќе биде“.

Мануел Нојер исто така додаде дека практично морал да го натера Џиџо Донарума да разговара со Џамал Мусиала.

„На полувремето го прашав, „Зарем не сакаш да одиш и да го видиш?“ Заработи сериозна повреда, и сметам дека е фер тој да отиде и да го види во знак на почит, да му се извини и посака брзо опоравување на момчето. И го стори тоа откако јас практично го натерав“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ