сабота, 14 јуни 2025

Ништо од самостојна кариера, Давиде Анчелоти си отиде кај тато во Бразил

Давиде Анчелоти нема да започне самостојна тренерска карира, повторно ќе работи под водство на неговиот татко Карло и ќе биде дел од тренерскиот персонал на Бразил.

Објавено на

часот

Сподели

Давиде Анчелоти целата своја кариера го следи Карло Анчелоти и работеше асистент во Баерн, Наполи, Евертон и Реал Мадрид, односно клубовите каде неговиот татко беше тренер.

Кога минатиот месец Бразил тропна на вратата на Карло Анчелоти, се најавуваше дека Давиде Анчелоти ќе започне самостојна тренерска кариера.

Младиот стратег се поврзуваше со кормилото на шкотски Ренџерс, но на крајот преговорите се изјаловија, а клубот од Глазгов реши да го ангажира Расел Мартин.

Давиде Анчелоти во моментов нема други интересни понуди на маса, па реши повторно да работи под палката на неговиот татко.

Фудбалската федерација на Бразил доцна синоќа објави дека Давиде Анчелоти ќе стане дел од тренерскиот персонал на „кариоките“.

„Со силна академска подлога во спортските науки, тој поседува ФИФА ПРО лиценца и ќе придонесе во подготовката на тимот за претстојните предизвици. Придружувањето на Давиде Анчелоти кон репрезентацијата претставува уште еден чекор напред за Фудбалската федерација на Бразил во стремежот кон иновации и технички напредок. Неговото меѓународно искуство и тренерски методологии ќе бидат клучни за развојот на играчите и градење на уште поконкурентен тим“ – се вели во дел од соопштението.

Тој веднаш започнува со ангажманите и ќе биде на клупата веќе против Парагвај.

ФОТО: X/CBF Futebol

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ