Според податоците од американската метеоролошка служба, се очекуваат силни врнежи и грмежи во периодот меѓу 14:00 и 15:00 часот по локално време, токму во реонот на Мајами каде што се игра натпреварот.
Ризикот од невреме се зголемува токму во моментот на почетокот на натпреварот, кој треба да се одигра на прочуениот „Хард Рок“ стадион.
Организаторите се подготвени да реагираат според строгите безбедносни протоколи, слични на оние во американските професионални лиги како МЛС и НФЛ. Протоколот предвидува прекин од минимум 30 минути штом се детектира удар на гром во радиус од околу 13 километри од стадионот. Секој нов гром го продолжува прекинот за нови 30 минути.
За потсетување, токму поради вакви временски услови неодамна беше прекинат натпреварот меѓу Челси и Бенфика на истото првенство, и тоа во траење од дури два часа.