вторник, 24 јуни 2025

Најскапиот голман во историјата за „бадијала“ се сели во Арсенал

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага ја продолжува кариерата во Арсенал, јавуваат британските медиуми. „Топчиите“ беа во потрага по нова алтернатива меѓу стативите, откако Барселона им го „украде“ првиот пик Жоан Гарсија од Еспањол.

Објавено на

часот

Сподели

Како логична опција се наметна Кепа, на кого му останува уште една година од договорот со Челси.

Лондонските ривали се блиску до договор, а Арсенал ќе треба да плати околу шест милиони евра за неговите услуги.

Аризабалага во 2018 година пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Атлетик Билбао за рекордни 80 милиони евра трансфер што и ден-денес е најскап во историјата за еден голман.

Но, последните две сезони ги мина на позајмици, најпрво во Реал Мадрид, а потоа и во Борнмут, каде што бранеше редовно. Сега ќе има нова улога во Арсенал, како замена за Давид Раја.

Фото: X/FC Chelsea

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ