Дуран по импресивните партии за Астон Вила, изненадувачки замина во Ал Наср каде што остана една сезона.
21-годишниот колумбиски напаѓач се враќа во Европа, но не во топ пет лигите туку во Турција.
Тој ќе биде нов играч на Фенербахче, ова е големо засилување за Жозе Мурињо кој ќе се обиде во новата сезона да го симне Галатасарај од тронот во турското првенство.
Трансферот на Дуран во Саудиска Арабија беше изненадување поради неговата младост, ретко се случува перспективните млади фудбалери да одберат таква дестинација, но брзо ја промени својата одлука.