петок, 24 април 2026

Минесота со одлична игра во одбрана го победи Денвер (ВИДЕО)

Минесота со 113-96 го победи Денвер и поведе со 2-1 во серијата од првото коло во НБА плејофот, клучна беше играта во одбраната на домаќините.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руди Гобер, по инспиративниот настап во вториот натпревар против Никола Јокиќ, уште еднаш успеа да го запре трикратниот MVP, кој имаше многу лоша шутерска вечер (7/26 од поле), додека Тимбервулфс поставија рекорд на франшизата во плејофот, дозволувајќи им на Нагетс само 11 поени во првата четвртина.

Јокиќ заврши со 27 поени и 15 скока за Денвер, кој беше ослабен поради отсуството на Ерон Гордон. Џамал ​​Мареј постигна 16 поени со скромни 5/17 шутеви од поле.

Мекдениелс имаше 20 поени и 10 скока, Ајо Досунму додаде 25 поени и девет асистенции од клупата, а Донте Дивинченцо имаше 15 поени и четири украдени топки за загреаниот домашен тим.

Четвртиот натпревар од серијата се игра повторно во Минеаполис, ако Јокиќ и компанија не успеа да направат брејк, ќе се најдат во многу тешка ситуација од која многумина не успеале да се извлечат.

Резултати:

Атланта – Њујорк 109-108 (2-1)
Торонто – Кливленд 126-104 (1-2)
Минесота – Денвер 113-96 (2-1)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ