вторник, 24 јуни 2025

Милевски: Македонија покажа дека ако игра тимски може да се носи со сите во светот!

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од прикажаното на македонските фудбалери против Белгија, сега комплетниот фокус се насочува кон Казахстан.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија одигра одличен натпревар против Белгија и дојде до голем бод иако впечаток е дека со малку среќа можевме и до победа.

„Благодарност до играчите за тоа што го прикажаа, но и до публиката која ни даде голема поддршка. Не жалам за резултатот, тоа е фудбалот, Македонија покажа дека може да се носи и со најсилните репрезентации во светот, но само ако функционираме како тим, а во последно време покажуваме и те како дека функционираме како тим, доказ се последните резултати. Но, ова сето го оставаме зад себе, затоа што за два дена ни престои Казахстан“, рече Милевски.

„Кога имате пред себе противник како Белгија која е фаворит број еден во нашата група составена од играчи кои се во најдобрите клубови во светот, секако дека претставува задоволство начинот на кој изгледаше Македонија оваа вечер. Не можам да не бидам задоволен од Македонија како изгледаше вечерва, но нема да ни значи ништо овој резултат ако не одиграме како што треба и како што сакаме во понеделник со Казахстан. Мора да бидеме максимално концентрирани уште сега за она што ни следува“.

„За голот на Алиоски можам да кажам само – феноменален“.

Селекторот Милевски не жали што не го победивме Велс, вели дека дали ќе ни фалат тие бодови ќе дознаеме на крајот од квалификациите.

„Во моментов не ни фалат бодовите од Велс, сето тоа што е одиграно е зад нас, одиме напред, не се враќаме назад, а на крајот на квалификациите ќе видиме што ни фалело“.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ