сабота, 14 јуни 2025
НАПАЃАЧОТ НАПРАВИ СКАНДАЛ

Левандовски ја подели нацијата: Нема да играм за Полска додека селектор е Пробjеж!

Роберт Левандовски направи скандал во Полска откако доцна синоќа со кратко соопштение на социјалните мрежи порача дека повеќе нема да игра за репрезентацијата додека селектор е Михал Пробјеж.

Објавено на

часот

Сподели

Роберт Левандовски ја подели нацијата откако реши да се повлече од националниот тим додека селектор е Михал Пробјеж.

Напаѓачот на Барселона одби да се стави на располагање за пријателскиот натпревар против Молдавија, како и средбата со Финска во квалификациите за Светското првенство со образложение дека е уморен и физички и ментално по напорната сезона.

Селекторот Михал Пробјеж потоа реши да му ја одземе капитенската лента на искусниот напаѓач и да го именува Пјотор Зелински за нов капитен.

Потегот не му се допадна на Роберт Левандовски, кој со кратко соопштение на социјалните мрежи доцна синоќа соопшти дека повеќе нема да игра за репрезентацијата.

„Во предвид ги земам околностите и загубената доверба во селекторот, па одлучив да се повлечам од репрезентацијата на Полска се додека тој е на клупата. Се надевам дека сепак ќе добијам шанса повторно да играм за најдобрите навивачи во светот“ – гласеше пораката на напаѓачот.

Реакциите на навивачите и спортските работници се измешани, но поголемиот дел не се сложуваат со ваквата постапка на Роберт Левандовски и сметаат дека тој се однесува како дете.

ФОТО: X/Barcelona FC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ