Иако играа дома, ниту Хрватска, ниту Србија не успеаја да го поминат квалификацискиот турнир.
Во својата група Хрватска загуби уште во полуфиналето од Германија која победи убедливо со 86-76, а Германците подоцна го добија и финалниот меч со Бразил.
Србија дојде до финалето, но во него загуби од Италија со 102-95, па ниту тие нема да бидат дел од Олимпијадата.
Еве ги трите групи за Олимписките игри во Токио:
Група А
САД
Франција
Иран
Чешка
Група Б
Австралија
Германија
Италија
Нигерија
Група Ц
Шпанија
Аргентина
Јапонија
Словенија






