петок, 24 април 2026

НБА-легенда се посрамоти, ја стави Југославија меѓу фаворитите на ОИ во Токио! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Бајрон Скот, кој трипати беше шампион во НБА, а по играчката кариера беше и тренер на неколку тимови, се посрами со својата последна изјава.
 
САД неодамна загубија од Нигерија, па Скот беше запрашан за тој меч и за шансите на Американците за златото на Олимписките игри.
 
„Поразот од Нигерија е најголемиот неуспех во историјата на репрезентацијата на САД, но тоа е само подготвителен меч и јас не сум загрижен“, вели Скот.
 
„Мислам дека Америка е главен фаворит за златото, ако треба да се обложам ќе ги ставам сите пари на САД. Но разликата со другите селекции веќе не е така голема“.
 
„Франција има добар тим. Југославија е секогаш добра, како и Русија. Секогаш постои еден тим што ќе изненади. Можеби оваа година тоа ќе биде Кина“.
 
Југославија не беше единствениот лапсус на Бајрон Скот, тој три години е без тренерски ангажман и изгледа се оддалечил од темата.
 
Кина и Русија не изборија пласман на Олимписките игри во Токио, а Југославија одамна не постои.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=726tNp82IeI autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ